Алтернатива: Благодарност до Мицкоски, но ние сме дел од еден друг процес

Од:

Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски, за Алтернатива е неприфатлив од причина како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес.

– Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго, изјавија од Алтернатива.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција изјави дека на ДУИ и Али Ахмети им предлага преку најмалку 61 пратенички потпис да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски. Тој ја повика и опозицијата на Албанците да го поддржи ваквиот предлог за премиер Албанец. Алијанса за Албанците со брза реакција најави дека ќе даде поддршка за евентуалниот ваков предлог. Додека ставот на ДУИ е дека ваков предлог може да даде само претседателот на партијата Али Ахмети и ниту една друга партија, особено не ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери