(ВИДЕО) Попов: Неиздржани се оправдувања на Арсовска за укинувањето на БРТ, да ја преиспита одлуката штетна за Скопје

Од:

„Втор месец градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не работи ништо, нема реализирано ниту еден проект во интерес на граѓаните, на скопјани. Освен што разрешува директори, поништува огласи за вработувања и прекинува проекти кои се во интерес на граѓаните и градот“, рече Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ и советник во Советот на Град Скопје.

„Скандалозно е прекинувањето на проектот за ефикасен и еколошки транспорт, познат како Бас Рапид Транзит, кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој, вреден 70 милиони евра.

Оправдувањата за неговото укинување, кои ги даваат Арсовска и Град Скопје дека наводно ќе ја загрозела животната средина и не бил еколошки се целосно невистинити и контрадикторни.

Проектот Бас рапид транзит е систем кој е прогласен за еден од најеколошките начини на јавен превоз. Освен што возилата возат на еколошки погон, според проектот, за двете траси обезбедено беше двојно повеќе зеленило, преку двојни дрвореди долж трасите. Беа предвидени и дополнителни 200.000 евра за соодветно пресадување на дрвја каде што е потребно за да не се загрози ниту едно зеленило.

Неговата ефикасност значително ќе го намалеше обемот на сообраќај по скопските улици што е дополнителен придонес кон намалување на штетните гасови во воздухот.

Втора невистина, втора лага е дека проектот го загрозува системот за водоснабдување. Напротив, со овој проект беше предвидено целосна заштита на цевките за вода што минуваат под трасите на движење на БРТ, со соодветни механизми за заштита и од вибрации.

Наместо неиздржани оправдувања Данела Арсовска треба да ја преиспита нејзината одлука.

Укинувањето на овој проект е на штета на граѓаните и на Градот, Арсовска спречува проект за ефикасен и еколошки јавен превоз.

Дополнително, со нејзината одлука го урива угледот на Скопје и на државата пред меѓународните финансиски институции.

Секојдневно во овие два месеца, Арсовска докажува дека не се води од интересите на граѓаните, туку од своите лични и партиски интереси“, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ и советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра