Родителите се помалку време поминуваат со децата

Од:

Родителите со деца просечно поминуваат околу осум часа неделно. Најмногу време за дружење имаат во викенд, кога се дружат со децата два часа и 20 минути. Во работните денови родителите и децата заедно се помалку од еден час, покажува последното истражување.

Просечно време кое семејството го поминува заедно во работните денови изнесува 36 минути.

Меѓутоа, дури и кога семејството ќе биде заедно од нив 70 посто времето го поминуваат пред телевизор и не разговараат многу. Родителите за разговор се премногу уморни или се окупирани со некои други работи.

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 родители во САД покажа дека дедовци и бабите речиси се исклучени од дружењето со децата и внуците. Поголем број Американци, шест пати годишно ги посетуваат родителите, односно бабите и дедовците на нивните деца.

Дури половина од испитаниците признале дека одморот е речиси единствениот начин да поминат квалитетено време со своите деца. Од нив 56 проценти изјавиле дека без никаква посебна причина одлучуваат да одат на кус одмор, само за да поминат малку време со семејството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска