Извештај на Владата за членството на Велика Британија во ЕУ

Од:

Членството на Велика Британија во Европската унија го помогна економскиот развој, но неопходно е зачувување на контролата над даночната политика, се наведува во заклучокот на британската Влада.

Првите шест од вкупно 32 извештаи за односите на Велика Британија со ЕУ ќе бидат основа во преформулирањето на договорот за улогата на земјата во Европа од премиерот Дејвид Камерон пред референдумот, кој треба да биде организиран до 2017 година.

– Првпат извештајот на едно место содржи информации за цел спектар, за да се даде точна и детална слика за влијанието на ЕУ врз нашето секојдневие, истакна британксит министер за надворешна политика Вилијам Хејг.

– Некои случаи ја истакнуваат важноста од зачувување на националниот суверенитет во сфери, како што се директните даночни обврски. Другите примери ги покажуваат областите во кои граѓаните имаат придобивки, како на пример улогата на единствениот пазар и намалување на цената на воздушниот транспор и зголемувањето на бројот на авиолинииите во ЕУ, се истакнува во соопштението на Владата.

Извештајот треба да биде објавен до 2014 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он