ВИДЕО: Најмалку 12 загинати во супер тајфунот Раи на Филипините

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во налетот на супер тајфунот Раи на Филипините, соопшти денеска локалната служба за вонредни состојби.

Повеќе од 300.000 луѓе вчера ги напуштија своите домови, а околу 18.000 и денеска се во засолништа.

Тајфунот Раи стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација.

Метеоролозите најавија дека тајфунот во текот на ноќта ќе продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам.

Супер тајфун е силен циклон еднаков на ураганот од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод