Запленети над 3000 парчиња пиротехнички средства, приведено лице од Охрид

Од:

21-годишен охриѓанец е уапсен откако при преглед на неговото возило, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди, известува МВР.

– На 16.12.2021 во 11.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.Л.(21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР