Во Тетово повторно откриени и приведени Индијци поради нелегален влез во С. Македонија

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Тетовско во два наврата околу 12 часот и 50 минути и 14 часот и 40 минути приведени шест лица од Индија кои немале соодветни документи и нелегално влегле во Северна Македонија. Ова е втор случај за два дена во тетовско да се откриваат индијски државјани кои незаконски влегле во државата.

-Во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници привеле шест лица од Индија, кои се превезувале во два автобуси на гостиварски автобуски превозник. Индијците, од кои тројца на возраст од 22, потоа 26, 37 и 39 години, поради илегален влез во нашата земја и непоседување на потребните документи биле спроведени во Полициската станица за граничен премин Табановце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пред два дена тројца Индијци беа приведени во Тетово откриени на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. За сите е покрената постапка за реадмисија во нивната држава.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он