Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави денешната одлука на Европската унија да го вклучи военото крило на Хезболах на својот список на терористички организации, пренесе ДПА.
Нетанјаху изрази надеж дека овој потег ќе доведе до реални чекори против либанското шиитско движење.
Претходно денеска израелскиот министер за правда Ципи Ливни, исто така, ја поздрави одлуката на ЕУ, на која Израел одамна инсистира. Според Ливни, таа пред сел свет покажува дека Хезболах е терористичка група.
САД, Велика Британија, Холандија и Австралија веќе ја вклучија либанската шиитска партија во своите списоци на терористички организации, забележаа француските медиуми.
Израелскиот весник „Аарец“, ја цитира изјавата на Нетанјаху, во која тој ја критикува поделбата што ЕУ ја прави меѓу политичко и воено грило на Хезболах.