Биолошкиот часовник побрзо чука во градовите

Од:

Научниците ги проучија биолошките активности во циклус од 24 часа на птицата кос во урбани и рурални средини на југот на Германија и утврдија дека градските птици се будат порано и одмораат покусо од птиците кои живеат во шумите.

Истражувачи од Германија и Шкотска објавија резултати од студија во журналот Процедури на Кралското општество Б. Истражувањето заедно го спроведоа Универзитетот во Глазгов и Институтот за орнитологија Макс Планк.

Научниците фатиле голем број косови во Минхен и блиска рурална шума. На птиците ставиле лесни радијски предаватели и потоа го следеле интензитетот на активностите преку ден во период од десет дена.

– Нашата работа покажува дека животинските видови имаат поинаков внатрешен часовник – изјави директорот Барбара Хелм од Универзитетот во Глазгов.

Таа рече дека градските птици го почнуваат својот ден половина час пред зората, а нивните шумски роднини дури откако ќе изгрее сонцето.

Хелм додаде дека овој ритам е потврден во лабораториски услови и дека биолошкиот часовник кај птиците во урбаните средини е помалку стабилен, посебно во најпрометните делови од градовите.

Овој научен тим соопшти дека постои растечки консензус за тоа дека градовите и населените места вршат значајно влијание на внатрешниот часовник кај луѓето и животните.

Истражувачите потенцираа дека е потребна дополнителна работа за да се утврди дали овие измени можат да предизвикаат здравствени проблеми или да придонесат за подобро функционирање на организмот во урбаните средини.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска