СДСМ: Срамна и дискириминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче

Од:

„Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче. Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува“, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Во изминатите четири години и на локално и на централно ниво СДСМ реализира низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост.

Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудио читач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет.

Од друга старана, ваквите дискриминаторски потези на ЈСП, Град Скопје и Арсовска не се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку враќање чекори назад.

Очекуваме одговорност за ова срамна и дискриминирачка постапка“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби