Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје регистрира 133 прекршоци во сообраќајот.
Како што информираат од Министерството, 31 санкција е поради возење повеќе од дозволената брзина, 20 мерки се за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за возење под дејство на алкохол и 26 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.