Францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс го бранеше законот за забрана за носење муслимански вел на јавни места, истакнувајќи дека тоа мора да се почитува.
Во текот на викендот во Париз избија нереди откако полицијата уапси 21- годишник поради тоа што се спротивставил кога полицајците и побарале документи на неговата сопруга, која ја јавно место носела вел.
Веднаш пред полициската станица во Трап, во знак на протест се собраа стотина лица, кои фрлаа камења. Во текот на неколкучасовното насилство беше запалена и една зграда, полицијата приведе шест лица.
Валс денес оцени дека полицијата одлично си ја завршила својата работа.
-Законот со кој се забранува носење вел преку лицето е во интерес на жените, а против оние вредности кои немаат никаква врска со нашите обичаи. Тој закон мора да се применува секаде-изјави тој.
Eлена Георгиевска