Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денес постави на должност нови амабасадори при ОН во Њујорк, Данска и Турција.
За шеф на мисијата на Србија при ОН во Њујорк е поставен Милан Милановиќ, додека Драгана Ивановиќ е поставена на должност амбасадор на Србија во Данска, а Данило Вучетиќ е на должност во Турција.
Претседателот на Србија одлуките за поставување на нови амбасадори ги донесе на 17-ти јули, а истите стапија на сила од 20-ти јули, по објавувањето во Службениот весник.
Елена Георгиевска