Лидерите на ЕУ од средбата на Европскиот Совет со порака: Итна примена на засилувачките дози

Од:

Лидерите на ЕУ на состанокот на Советот на Европа во Брисел денеска се согласија дека употребата на засилувачките дози е „итна“ и е „клучна“ за борбата против коронавирусот.

Лидерите, исто така, со оглед на претстојните празници, ја истакнаа важноста од координирање на активностите за да се избегне забуна меѓу 27-те земји-членки и да се осигура дека ковид сертификатите ќе продолжат да гарантираат непречено патување.

Во заклучоците од самитот, лидерите собрани во Брисел инсистираа на потребата од усогласен пристап со цел да се избегнат ограничувањата на слободното движење меѓу земјите-членки или да се попречат патувањата во ЕУ.

Меѓутоа, алармантното зголемување на бројот на случаи на коронавирусот веќе поттикна многу европски влади да применат нови ограничувања и мерки во последните недели, наведуваат американските медиуми.

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се очекува веќе од средната на јануари сојот омикрон да биде доминантна варијанта на коронавирусот во рамките на ЕУ.

Таа посочи дека Унијата е добро подготвена да се бори против овој сој, со тоа што повеќе од 66 отсто од популацијата на ЕУ е целосно вакцинирана.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски