Спасовски: На државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори

Од:

На државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори заради тоа што граѓаните веќе се изморени од избори, речиси секоја година, а очекуваат многу повеќе да се сработи на економски план.

Ова е ставот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како одговор на новинарско прашање за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

– Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на граѓаните. Другите аспекти и таа стратешка цел за почетокот на преговорите е високо на агендата и треба да биде високо на агендата на Владата, меѓутоа акцентот треба да се стави на Република Северна Македонија, на граѓаните, на економскиот стандард, на напредувањето, на сето она што го очекуваат граѓаните, изјави Спасовски денеска откако шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која му предаде донација од возила наменети за Единицата за службени кучиња при МВР.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски