Има неколку понуди за Попова Шапка за кои се преговара, а конечниот договор ќе биде потврден во Парламентот

Од:

Министерството за економија не крие кој е стратешкиот инвеститор за Попова Шапка. Има неколку понуди и очекуваме самите компании да соопштат дека се заинтересирани да инвестираат во скијачкиот центар, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

-Има неколку понуди за Попова Шапка. Едната ја обзнани претседателот на Владата Заев и е компанија што доаѓа од ЕУ. Има и домашни компании коишто се заинтересирани. Секако има и компанија која не е дел од ЕУ. Тие веќе доставиле барање до Генералниот секретаријат на Владата имајќи во предвид дека таква е процедурата согласно Законот за стратешки инвестиции. Ние очекуваме компаниите сами да обзнанат дека се заинтересирани за да инвестираат во Попова Шапка. До тој момент ќе ги следиме сите процедури и ќе преговараме и ако е во интерес на Полошкиот регион, на Попова Шапка, на граѓаните на нашата држава ќе прифатиме таква понуда, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претседавање на земјата со ЦЕФТА.

Министерот Бектеши при тоа нагласи дека пред да биде прифатена понудатаа, согласно Законот за стратешки инвестиции тој договор би требало да се потврди од страна на Собранието, бидејќи,како што рече, сите договори што произлегуваат како стратешки инвеститор се утврдуваат од страна на пратениците во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Попова Шапка: двајца повредени, со квадрицикл излетале во провалија

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

A1on

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени