Во однос на цените на парното веќе се запопчнати преговори со ГАЗПРОМ од страна на Макпетрол кој е главен увозник на природен гас. Имајќи во предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Република Бугарија каде што главно количините се обезбедени од страна на ГАЗПРОМ и во Република Бугарија и сме зависни, во делот на цената што ќе ја понуди ГАЗПРОМ, порача министерот за еконмија Крешник Бектеши и додаде дека цената на парното греење зависи од цената на природниот гас.
-Тоа не е проблем само на Северна Македонија, тоа е голем проблем и на ЕУ заради политиките кои ги прави Русија преку ГАЗПРОМ. За тоа, нашата цел како Влада е да направиме диверзификација во делот на снабдување со природен гас. На почетокот на наредната година ќе почне со изградба новиот интерконектор со Република Грција и на таков начин да ја зголемиме конкурентноста и во овој дел на енергијата во нашата држава што нема да придонесе позитивно само во нашата држава, но и во регионот, бидејќи ќе имаме повеќе можности за снабдување со природен гас, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претседавање на земјата со ЦЕФТА.