Битиќи: Мандатарот е тој што ќе одлучи дали ќе бидам во новата влада

Од:

Новиот мандатар е тој што ќе одлучи дали ќе бидам во идната влада или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– И пред 18 месеци, пред да се формира новата влада, реков дека ако мандатарот смета оти јас сум доволно спремен да одговорам на задачите секогаш сум подготвен да бидам дел од владата. Оставам и на новиот мандатар да процени дали во неговиот мандат со новата програма мојот профил најдобро ќе се вклопи, изјави Битиќи во одговор на прашање по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.

Тој нагласи дека како избран функционер во изминатите 15 месеци докажал дека одговорно треба да се постапува кон потребите на граѓаните и кон тоа што тие го очекуваат, додавајќи дека повторно би продолжил така да функционира.

– Секако мандатарот е тој кој ќе одлучи, посочи Битиќи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните