Казнети 41 возач за непропуштање пешаци

Од:

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 41 возач.

На сите прекршители, како што соопшти МВР, изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава