Палестинците имаат поддршка од Арапската лига

Од:

Арапската лига соопшти дека ги поддржува палестинските ставови на мировните преговори кои наскоро ќе бидат обновени во Вашингтон.

Преговорите кон крајот на 2010 година беа замрзнати, бидејќи Израел одби да се согласи со суспензијата за населување на Западното крајбрежје.

Арапската лига соопшти дека е скептична кон израелските намери.

-Лигата е формира мрежа на политичка поддршка на палестинската страна во случај таа да прифати да преговара со израелската страна – изјави заменик генералниот секретар за палестински прашања и окупирана арапска територија, Мухамед Сабих.

Американскиот државен секретар, Џон Кери во Аман соопшти дека Израел и Палестина поставија темел за обнова на мировните преговори.

Сабих рече дека Арапската лига се сомнева во ставот на Израел за продолжување на мировните преговори.

-Многумина во израелската влада не сакаат арапска мировна иницијатива- истакна тој и додаде дека ова би можело да биде последна шанса за обнова на прекинатиот мировен процес.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека најавените мировни преговори со Палестина ќе бидат тешки и дека договорот кој евентуално ќе биде постигнат ќе мора израелскиот народ да го потврди на референфум.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина