Шестгодишно девојче од Турција спасено од давење во Охридско езеро

Од:

6-годишно девојче од Истанбул, Турција попладнево за малку ќе се удавеше во Охридското езеро на плажата кај Свети Наум. Девојчето според информации на спасителите се капело во делот каде што водата се влева во езерото.Поради брзината и струењето на водата девојчето отишло 80 метри надвор од безбедносната зона за капење.Малку фалело девојчето да се удави, но поради брзата интервенција на спасителот, го одминала најлошото.

Спасителот затоа што немал соодветна опрема да реагира надвор од зоната за капење реагирал со помош на кајак кој бил поставен за издавање на плажата. Девојчето било извадено на сигурно и поставено на сенка, по што и била пружана психо подршка.

„Ситуацијата сега е во во ред и добро е што инстервенцијата за спасување заврши успешно“, изјави за А1 Миодраг Цекиќ координатор на спасувачките екипи на Црвен крст Охрид

Влевањето на реката во Охридското езеро е многу критичен дел и како таков се покажа претходните години. Девојчето од Турција била во опасна ситуација затоа што е мала на возраст, не е сигурен пливач, но поради ситуацијата ја фатило и паника. Таа се наоѓала во прва фаза на давење со можност да се префрли во втора фаза на давење.Состојбата на девојчето била толку лоша, што спасителот имал потреба од поголема минутажа за да може да ја смири и неа и нејзините најблиски на плажата, рече Цекиќ.

Ова е осмо по ред вадење на давеник од водите на Охридското езеро оваа сезона.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство