Во Гевгелиско регистрирани уште двајца починати од Ковид-19

Од:

Во подрачјето со надлежност на Општата болница во Гевгелија, во извештајот на ИЈЗ вчера беа регистрирани уште двајца починати ковид пациенти од Гевгелија и Дојран со кои најцрната бројка се зголеми на вкупно 109 починати пациенти.

Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран од кои најмногу или 81 се на територијата на општина Гевгелија, 28 во општина Богданци и 6 активни пациенти на ковид се во општина Дојран.

Бројката на вкупно заразени од почетокот на пандемијата изнесува 3.677 од кои 3.568 оздравеле. Најмногу, разбирливо, се регистрирани во општина Гевгелија, вкупно 2.846, во општина Богданци се заразиле вкупно 659 граѓани и најмалку, поточно 172 пациенти се заразиле во општина Дојран.

Со оглед на сегашната состојба, која повремено се стабилизира, а повремено знае да ескалира, од болницата упатуваат апел до граѓаните да се интензивира процесот на имунизација, особено на оние кои сè уште не примиле прва доза од анти ковид вакцините, како и на граѓаните кои немаат примено „бустер“ доза затоа што само вакцините гарантираат полесна болничка слика, доколку дојде до заразување со вирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски