Грчките просветни работници денеска на штрајк, в среда лекарите

Од:

Грчките просветни работници денеска почнуваат штрајк поради планот за отпуштање и прераспоредување на одреден број вработени на други работни места согласно условите кои меѓународните кредитори и ги поставија на Грција.

Членовите на Федерацијата на средношколските професори (ОЛМЕ) ќе одржи денеска протест во центарот на Атина поради плановите на Владата за прераспоредување на 2.000 професори на други работни места.

Грција до крајот на годинава мора да стави 25.000 државни службеници во резервна работна сила, во рамки на обврските кон „тројката“ кредитори, а 2.000 професори од технички стручни средни училишта да бидат префрлени на нови работни места.

Владата соопшти дека повеќе од половина од професорите ќе бидат прераспоредени на работни места во Министерството за здравство. Ако за нив не бидат пронајдени работни места во следните осум месеци, тие ќе бидат отпуштени.

Здравствените работници во болниците, здравствените домови и амбулантите ќе штрајкуваат в среда со почитување на минимум од работниот процес. Овој штрајк ќе се одржи во знак на протест поради владиниот план за вклучување на 2.500 здравствени работници во т.н. „мобилна шема“, што значи прераспоредување на други работни места или отказни решенија.

Лекарите и медицинскиот персонал предупредуваат дека ваквите промени ќе бидат катастрофални за грчкиот здравствен систем.

Во меѓувреме, министерот за здравство Адонис Георгијадис ги повика вработените во државните болници да го откажат 24-часовниот штрајк в среда.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит