СДСМ: Зад очајната лага на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на образованието на претседателот Ковачевски стои голема нервоза и страв

Од:

„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор. Очигледно во Белата палата расте нервозата и стравот, па во недостиг на аргументи и факти скокнаа веднаш да ја искористат својата единствена стратегија во политиката – лажењето“, соопшти СДСМ.

„На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, вклучително и во неговата програма јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Јасно е напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе меѓу кои и Харвард.

Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприемнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година. Понатаму, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.

За разлика од ова квалитетно образование на Ковачевски, Мицкоски своето стручно усовршување го остварил кај својот татко каде бил асистент“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он