Јанкулоска: Соработката со Грција не е на посакувано ниво за прашањето со илегалните мигранти

Од:

Немаме илузија дека со една, две, три или пет акции ќе се реши целосно проблемот со илегалните мигранти, посебно ако се земе предвид фактот дека целосен одговор на овој проблем не може да бараат само институциите од Република Македонија, туку е потребно соработка со земјите  каде што претходно поминуваат овие мигранти.

Ова е одговорот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарското прашање како полицијата ќе се справи со илегалните мигранти кои и покрај неодамнешната акција „Решето“ во кумановско Лојане, повторно се присутни.

– Колку што имаме подобра координација и размена на информации, но и заедничко дејствување, толку ќе бидеме поуспешни во справуавњето со овој проблем, рече министерката за внатрешни работи денеска по  отпочнувањето со работа на проектот „Дисперзирани базни станици“ во Полициската станица – Бутел.

Таа нагласи дека МВР ќе продолжи интензивно да дејствува и во насока на откривање на илегалните мигранти, но и во насока на казнување на организаторите и на оние кои на некој начин се вклучени во нивниот транспорт низ Република Македонија.

На состанокот  со МВР од ЕУ и земјите кандидати, Јанкулоска во дискусијата посочила дека е неопходно и Грција да преземе дополнителни  напори за да се намали бројот на мигранти кои ја користат оваа рута.

– За жал соработката со Грција на овој, па и на секој друг план не е на нивото на кое ние посакуваме, дури и не е на ниво на соработка што ја имаме со која било друга соседна земја. Тоа е дополнителна отежнувачка околност бидејќи доколку границата не е подеднакво добро обезбедена од двете страни, тогаш имаме сериозен проблем и дополнителен ангажман за да го постигнеме истиот ефект, истакна Јанкулоска.

Во последниот период МВР имаше неколку полициски акции во кои имаше откриени значителн број мигранти, а во претпоследниот случај и кривична пријава против 15 члена организирана група составена од транспортерите и од посредниците за пренос на мигрнти.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он