Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со голем пресврт денеска во Сараево успеаја да го победат Хелиос со резултат од 94:88 во рамките на третиот „балон“ од АБА 2 Лигата.
„Аеродромци“ одиграа дефанзивно прво полувреме во кое за 20 минути игра, реализираа само 35 поени со што резултатот на полувреме беше 45:35.
Во третиот период од играта „сино-белите“ симнаа седум поени од негативата, а последниот дел го дочекаа со заостанување од само три поени (61:64), со што притиснувајќи во одбраната на противникот му дозволија само 11 поени за скоро десет минути што беше доволно за комплетен пресврт и победа.
Во салата „Хилс“, утревечер ќе настапат кошаркарите на Пелистер кои од 21 часот ќе се соочат со актуелниот лидер на табелата, екипата на Борац од Бања Лука.