Стерн: Сирија не смее да има хемиско оружје

Од:

Израелскиот министер за разузнавање Елазар Стерн денеска изјави дека не треба на Сирија да и се дозволи да се снабди со хемиско оружје, откако „Вашингтон Пост“ напиша дека Израел нападнал сириски објекти во кои има такво оружје.

Во интервју за израелското воено радио, Стерн директно не го коментираше извештајот на „Вашингтон Пост“ дека Израел двапати ги нападна сириските постројки, по еднаш годинава и минатата година, со цел да ги запре напорите на Сирија да ги обнови резервите на хемиско оружје.

Тој, меѓутоа, навести дека Израел нема да прифати такво оружје во рацете на својот непријател од северот на земјата.

-Имаме сосед што веќе докажа дека не се двоуми да употреби хемиско оружје, дури и против својот народ. Асад (сирискиот претседател) не смее да има хемиско оружје, изјави израелскиот министер.

Израелските власти одбија да го коментираат извештајот на американскиот весник.

Воените коментатори во Израел оценуваат дека времето на објавување на извештајот на весникот не е случајно и потсетија дека преговорите меѓу големите сили и Иран неодамна беа обновени во обид да се заживее нуклеарниот договор од 2015 година.

Иран има блиски врски со Сирија и испрати војници да ги поддржат силите на Асад во граѓанската војна во Сирија, што трае една деценија.

Израел долго време се спротивставува на нуклеарниот договор од 2015 година, со кој се ублажуваат економските санкции кон Иран во замена за ограничувања на неговата нуклеарна програма.

Место тоа, тој бара договор со построги мерки против иранската нуклеарна програма, иранската ракетна програма и поддршка за екстремистичките организации, израелските непријатели како либанскиот Хезболах.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија