Јанкулоска: Врз професионалното работење не влијае никаква политичка одлука

Од:

МВР постапува согласно закон и наредбите од надлежни институции. Во принцип не ги најавува полициските акции, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со приведувањето на Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното богатство.

– МВР кога ќе добие наредба од обвинителството, како што тоа беше во конкретниот случај, веднаш постапуваме без никакви консултации и информации. Тоа е практика на секое МВР во светот бидејќи само така ќе бидеме подготвени да одговориме во секој момент кога обвинителството од нас тоа ќе го побара, изјави Јанкулоска по отпочнувањето со работа на проектот „Дисперзирани базни станици“ во Полициската станица – Бутел.

Таа прецизира дека ако во овој момент МВР добие каква било наредба од обвинителството и од судот, таа ќе биде веднаш спроведена и за тоа, истакна, не мора да биде информиран ниту министерот, ниту повисоките државни функционери бидејќи врз професионалното извршување на работите не влијае никаква политичка одлука.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он