Собранието четврти ден ќе расправа за Предлог-буџетот за 2022 година

Од:

Пратениците денеска во рамки на 54. седница четврти ден ќе расправаат по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, а капиталните инвестиции ќе изнесуваат 38,2 милијарди денари.

На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година. Прифатени се 23 амандмани во вкупен износ од околу 382 милиони денари. Дполнително, на предлог на Министерството за финансии прифатени се и следните дополнувања на Буџетот за следната година – зголемување на средствата во МИОА во износ од 250 милиони денари за реализација на програмскитре активности на Македонската радио телевизија, зголемување на средствата на Уставниот суд во износ од еден милион денари за избор на нови уставни судии, зголемување на средствата во финаиската полиција во ознос од еден милион денари за набавка на возило. На седницата е утврден и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетскиуте корисници на централната власт и меѓу фондовите со заклучок таа да биде доставена на усвојување во Собранието.

Расправата по дополнетиот Предлог – буџет на пленарна седница трае пет дена.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година

Левица: ​​​​​​​Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени

Предраг Петровиќ

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он