Црна Гора се надева да стане земја членка на ЕУ за време на овој мандат на ЕК

Од:

Црна Гора денеска ја одржа втората меѓувладина конференција со ЕУ според новата преговарачка методологија на ЕУ. Подгорица се надева на брзо полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјави денеска црногорскиот министер за економија, Јаков Милатовиќ, кој ја предводеше црногорската делегација на денешната меѓувладина конференција со ЕУ. Милатовиќ изјави дека новата е црногорска Влада “е првата навистина проевропска влада“ во оваа земја.

-Се надевам дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ уште за време на овој мандат на Европската комисија, рече вечерва во Брисел црногорскиот министер.

Мандатот на сегашната Комисија трае до 2024.

На меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Црна Гора денеска главна тема било владеењето на правото.

Еврокомесарот за проширување ја пофали владата во Подгорица за нејзината реформска заложба.

-Владеењето на правото е фокусот кој ќе го одреди целокупниот ритам на преговорите, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји, додавајќи дека оваа област ќе биде приоритет пред да се премине на следната етапа, а тоа е привременото затворање на поглавјата. Денеска, рече Вархеји, дадена и е насока на Црна Гора за оваа цел.

Европската комисија ги повика сите чинители во Црна Гора, власта, парламентот, судството, да ја реализираат заложбата.

Сепак ЕУ предупреди дека на Црна Гора и претстои уште работа во поглавјата 23 и 24 посветени на правдата и владеењето на правото.

-Би ги издвоил медиумската слобода и слободата на изразување, има детаљна агенда што треба да се исполни, а има важни точки, и судството за кое ни е потребно законодавство и дела за назначувањата, разбираме дека не е само до владата, дека парламентот треба да даде поддршка, треба владата да стави реформи на маса во целосна согласност со правото на ЕУ, изјави Вархеји.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина