Без струја по неколку дена се повеќе села во земјава

Од:

Веќе трет ден 14 села во Поречието во Македонски Брод со околу 400 жители се без елекрична енергија поради големите оштетувања на далноводот. Што се однесува до состојбата со снег и проодноста, нема завеани села и екипите и денеска се на теронт и расчистуваат.

Според градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, чекаат информации од ЕВН кога ќе добијат струја жителите од 14-те села во Поречието.

– Во моментов без електрична енергија се 14 села во Поречието, веќе трет ден поради дефектите на далноводот. Од ЕВН ни велат дека екипите се на теренот и се надеваме дека наскоро ќе се отстранат проблемите. Станува збор за околу 400 жители и проблем е што станува збор за старечко население. Проверуваме каква е ситуацијата, досега немаат проблеми со храна, имаат резерви и се надеваме дека наскоро ќе добијат електрична енергија. Инаку, во Македонски Брод се 50 населени места и немаме завеани села. Снег има околу 25 сантиметри, екипшите и денеска расчистуват, во повисоките села може со теренско возило да се стигне. Немаме завеани и отсечени села, изјави Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.

Снегот кој во саботата изутрина заврна во кичевскиот регион, создаде многу проблеми во електро-дистибутивната мрежа и во одвивањето на сообраќајот, како локално така и на меѓуградски релации. Најгорливиот проблем го почувствуваа селата од Рабетинска Река, Беличка Река и дел од Копачијата, бидејќи жителите на овие села повеќе од 48 часа се без електрично напојување.

-Лепливиот и кашест снег кој во саботата изутрина наврна во нашиот регион, најмногу проблеми создаде во електро-дистрибутивната мрежа, бидејќи во сите делови од општината беа искинати електро водовите што предизвика прекин во електро снабдувањето. Во дел од овие села, по интензивниот ангажман на вработените од ЕВН, нормализирано е снабдувањето со струја, додека 20-ина села се уште немаат електрично напојување, а на тој список се селата:Рабетино, Дупјани, Крушица, Патеец, Козичино, Светорача, Мало и Големо Црско, Прострање, Кладник, Ехловец, Иванчишта, Малкоец и Попоец. Како што сме известени екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите и на нормализирањето со снабдување со електрична струја и на овие селски насеби-истакна Дашмире Адеми, раководител на ПО ДЗС Кичево.

Поголем број граѓани од приградските населби се пожалија дека по големата експлозија на трансформатор во нивна близина, дошло до прегорување на повеќе електрични уреди, како комјутери, телевизори и други апарати.

Би можело да ве интересира

По 15 часа Ново Лисиче и Аеродром добија струја

Катерина Ѓуровски

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија во Скопје се очекува да се нормализира за околу еден час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Луѓе се качуваат пеш до 40-ти кат, немаме струја, немаме вода“ – Управителот на „Џевахир“ не ја платил сметката кон ЕВН

A1on

Без струја повеќе делови на Скопје

Десетина села во Кичевско три дена се без струја

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Студеничани утре без струја