ФОТО: Нов сквер Буњаковец

Од:

Општина Центар ги започна работите на скверот Буњаковец, мал плоштад спроти аптеката Зегин. Тоа беше слеп агол, неуреден простор на површина од  1 100м2. Скверот ќе овозможи повторно проток од улицата Ѓуро Ѓаковиќ, сега преимнеувана во Мирослав Крлежа кон блоковите во некогашниот правец покрај ресторанот Кај Маршалот се до Домот на Градежници.

skver_bunjakovec (1)

Дел од материјализацијата на скверот ќе биде и обезбедување на паркинг простор за жителите на околните објекти.

Проектот ќе чини околу два и пол милиони денари.

Целиот простор е произлезен од кружница па таква ќе биде и урбаната  опрема, во цилиндричен облик: клупите ќе имаат кружен облик со три различни димензии за еден, тројца и петмина луѓе, кои ние ги нарекуваме клупи за различни социјални групи. Светилките се современи и минималистички со штедлива енергија, а останатото осветлување ќе биде амбиентално.

skver_bunjakovec (2)

Скверот ќе има и зеленило сконцентрирано во две точки како мали концентрирани шуми со бујни дрвја. Партерот ќе биде изработен од вештачки гранит, а урбаната опрема е стандардна, што значи 2К-клупа и канта за отпадоци. Ќе бидат поставени и столбчиња за регулирање на сообраќај.

skver_bunjakovec (4)

До сега ова беше необезбеден див паркинг за таксисти.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните