Обајвена е прва алатка која ги оценува и рангира политиките за дроги на земјите во светот, според препораките на системот на ОН, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Првото издание на Глобалниот индекс на политика за дроги кој беше објавен во ноември 2021 од страна на Конзорциумот за намалување штети (Harm Reduction Consortium), коалиција на граѓански и здруженија од заедницата, во партнерство со академици, открива дека најголем број од земјите во светот не успеале своите национални политики за дроги да ги усогласат со препораките на Обединети Нации. Тие упатуваат итен апел до владите, реформите во оваа област да бидат нивен приоритет.
Република Северна Македонија е рангирана на 7 место во рамките на опфатените 30 земји. Пред Македонија се Грузија на шесто место со ист број на бодови, потоа Канада, Австралија, Велика Британија,Португалија, Нов Зеланд и Норвешка на прво место. Од европските земји кои се полошо оценети од Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место.
“Ова 7 место не треба да се гледа како успех за Северна Македонија која беше оценета со 55 од 100 можни бодови. Во секој учебник индексот 55 не се оценува како добро постигнување. Посебно ако се земе во предвид и друштвото односно групата на земји кои беа оценувани од кои поголемиот дел се познати по своите лоши политики за дроги. Овој индекс треба да се чита во насока дека македонската влада и институции имаат уште многу работа за креирање на содветна политика за дроги која ќе се базира на здравјето и човековите права “ изјаувуваат од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.