(ВИДЕО) Ковачевски по изборот: Голем ден за демократијата, не чека работа за граѓаните

Од:

„Вечерва СДСМ е победник. Вечерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата. Вечерва може сите да славиме за успешните избори, но од утре мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува со партијата, но и во државата во годините што следат. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда која одлучно се спроведува, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме заедно, одговорно и посветено“, рече Димитар Ковачевски, новоизбраниот претседател на СДСМ

Тој му се заблагодари на досегшаниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

„Сакам да му се заблагодарам не само што тој во својот мандат оствари многу значајни победи за СДСМ, туку и за тоа што со неговата храброст за решавање на проблемите и чуство за одговорност сите на мотивираше и инспирираше. Зоран Заев го консолидираше СДСМ во многу тешки услови. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ги врати слободата и демократијата, воспостави едно општество за сите ја внесе државата во НАТО и ја донесе пред портите на преговори со ЕУ. Зоран Заев не научи што е лидерство, што е партиско другарство и што вистински значи да се биде демократ и прогресивен политичар. Тој ни остава аманет да го продолжиме патот на демократсиот развој и грижа за сите. Ние од тој пат нема да отстапиме“ рече Ковачевски.

„Мојата програма Заедно, Одговорно и Посветено подразбира да работиме со здружени сили и секој најодговорно да им се посвети на задачите кои му се доверени. Вечерва завршуваме со ветувања, од утре почнуваме со реализација. Не чека напорна работа ако сакаме СДСМ да биде таков каков што сите го посакуваме, силен и обединет. Многу работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и членството. Многу работа и посветеност за нашата земја да биде водена уште долго според принципите и вредностите на социјалдемократијата.

Сите што се подготвени на посветено, чесно работење во интерес на сите граѓани ги сметам за дел од мојот тим. Лично сметам на трудот, енергијата и квалитетите на секој социјалдемократ, секој прогресивен граѓанин и секој кој сака искрено да помогне и да се вложи во успехот на нашата политика и нашата држава. Ви посакувам добро здравје на сите и уште еднаш благодарност за тоа што овој ден го направивте да биде величествен за мене и за Социјајдемократскиот сојуз на Македонија“, додаде новоизбраниот претседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

(ВИДЕО) Кузмановски: Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ четири години

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении