Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ

Од:

Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните.

Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.

По затворањето на гласачките места во 19:00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.

Членовите на СДСМ денеска можеа да гласаат за Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски.

Зоран Заев беше избран за претседател на СДСМ во 2013 година. Во март годинава тој повторно беше реизбран на чело на СДСМ, но овој пат на непосредни внатрепартиски избори на кои можеше да учествува целото членство.

По вториот круг од локалните избори во октомври, Заев ја најави својата оставка од лидерската и од премиерската функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он