Триесет санкции за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 12 до 16 часот, спроведоа акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, во која вкупно се откриени и законски санкционирани 30 прекршоци (ТЕ-22 и ГВ-8).

На сите прекршители, како што соопшти МВР, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и со заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи.

– СВР Тетово со апел до возачите да не престигнуваат на непрегледни и забранети места, да ја прилагодат брзината според условите на патот и непосредно да придонесат за сопствената и вкупната сообраќајна безбедност на патиштата во Полог и пошироко, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје