Пожари на островот Самос и на полуостровот Пелопонез во Грција

Од:

Голем пожар беснее од вчера на грчкиот остров Самос во источниот дел на Егејското Море.

Огнот е надвор од контрола, а властите ги преместиле на безбедно место иконите од манастирот, што се наоѓа во непосредна близина на пожарот, јави БТА.

На островот се испратени авиони за борба против огнената стихија, противпожарни возила и доброволци, кои вложуваат напори да го локализираат огнот во близина на манастирот.

Во меѓувреме, друг пожар беснее од вчера и во западниот дел на областа Ахаја на полуостровот Пелопонез, каде што два авиони, десетици пожарникари и војници се обидуваат да го изгаснат.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит