Петмина офицери од Армијата се вклучуваат во командната структура во НАТО

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во следните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе ги пополни овие офицерски места во командната структура во НАТО.

Шекеринска информира дека во тек се конкурси за дополнителни седум НАТО позиции на различни нивоа, а планот е до 2023 година целосно да се пополнат сите 20 места, што ни припаѓаат во командната структура во НАТО.

Таа им посака успех и нагласи дека нема никакви дилеми дека одлично првпат ќе ја претставуваат нашата татковина во најмоќната воено-политичка Алијанса. Шекеринска потенцира дека тие поминале низ повеќе филтри, биле проверени, интервјуирани, но сето тоа било возможно заради тоа што секој од нив работел речиси 20 години во Армијата.

– Сојузниците знаат дека во нас добија не само сериозен, туку и одговорен и исполнителен сојузник, кој тоа што ќе најави и ќе го вети, знае да го исполни, а го има и капацитетот и знаењето за тие функции, изјави министерката Шекеринска, додавајќи дека овие офицери ќе го потврдат таквиот впечаток, а искуството што ќе го стекнат, ќе го вградуваме во нашата армија и одбрана

Потполковник Горан Стојановски, кој во името на останатите одбрани офицери, изјави дека за нив тоа е огромна чест, но и одговорност.

– Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да ја оправдаме дадената доверба и достоинствено да го претставуваме ликот на офицерот и старешината во Армијата на РС Македонија и на државата. Дополнителен предизвик ќе претставува работата во мултинационалната воена средина, каде со останатите старешини од земјите членки на НАТО ќе работиме на задачите што ни се дадени од областа на нашите работни должности. На тој начин ќе имаме и можност да ги покажеме нашите квалитети и капацитети. Не е само тоа, ќе имаме можност да се стекнеме со нови знаења и искуства, кои кога ќе се вратиме назад да ги пренесеме на останатите колеги и да придонесеме за подобар квалитет на армијата при решавање на идните предизвици, изјави Стојановски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со НАТО мисијата за воздушно набљудување на македонското небо, од аспект на суверенитетот, Шекеринска појасни дека кога зборуваме за суверенитетот, и досега сме зборувале, во принцип сме велеле дека ние си ја контролираме нашата територија.

– Небото е исто така територија на нашата земја. И формално се разбира дека нашиот суверенитет таму е неприкосновен, но ако не ја имате соодветната радарска опрема, опремата за воздушно набљудување и опремата односно воздухопловите за реакција тој суверенитет не можете да го практикувате. Затоа, а тоа се случувало изминативе години, бидејќи едноставно не може секоја армија тоа да си го дозволи, рече Стојановски.

Шекеринска дополни дека вчерашниот почетокот на НАТО мисијата за воздушно набљудување над македонското небо покажува колку членството во Алијансата ни го засили нашиот суверенитет.

– Дополнително тоа значи дека имаме оперативни процедури и имаме НАТО капацитети кои во случај што велиме, за не дај Боже, да можат да се активираат. Тоа е како НАТО членството ја зголемува и безбедноста, но и суверенитетот на една држава како Северна Македонија. Можевте да видите вчера, список на земји коишто го користат истиот систем и тоа покажува колку НАТО не е екстра трошок. НАТО е практично шансата да имате паметна одбрана, да го финансирате тоа што де факто може да го финансирате, а да искористите НАТО ресурси за капацитети за кои немате пари, изјави министерката Шекеринска.

Меѓу другото министерката за одбрана Шекеринска информира дека веќе е објавен првиот конкурс, со кој на питомците на Воената академија „Михаило Апостолски“ им се дава шанса да се школуваат сите години во најпрестижната институција „Вест Поинт“ во САД.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски