Прочков: Манипулацијата со лопатите е опомена за сите политичари

Од:

Кандидатот за градоначалник на Богданци од СДСМ, Зоран Прочков рече дека негов пример доколку ги добие изборите ќе биде Струмица.

„Таму многу направи градоначалникот Заев, ќе ја следиме неговата работа, а тој е подготвен да го сподели своето искуство со нас и ни помогне колку што е тоа можно на почетокот, да го дигнеме овој регион на нозе.

Мои приоритети ќе бидат оние што во СДСМ се зацртани како најбитни за сите општини. Тоа е подобрувањето на инфраструктурата, пред се патиштата, поврзување со соседните градови и гасификацијата која многу ќе помогне за подобриот живот на сите граѓани. Но, ќе помогне и во работата на земјоделците, за кои пак, конечно ќе биде направена откупната станица за нивните производи.

Оваа манипулација, ова лажно ветување и фрлање лопати претставува опомена за сите политичари, дека не смеат да го лажат народот, не смеат да се играат со нивната мака и да манипулираат со нивниот оптимизам“, рече Прочков.

Тој најави изградба на „Откупен центар за земјоделски производи“.

„И тоа според претходно сериозно направената анализа, ќе се направи онолку колку што е потребно, не само 180 квадрати ладилник, како оваа смешна манипулација, туку вистински откупен центар според потребите на општината и околината“, рече Прочков.

Тој ќе побара поддршка од граѓаните на утрешниот митинг на опозицијата во центарот на Богданци со почеток во 20 часот и 30 минути.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он