Двајца скопјани осомничени дека пренесувале над 150 килограми марихуана по автопатот Скопје-Велес

Од:

Двајца скопјани, на возраст од 30 и 51 година, се осомничени дека во два автомобила пренесувале над 150 килограми дрога по автопатот Скопје-Велес.

-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.

Двајцата осомничени скопјани, на возраст од 30 и 51 година, во две патнички возила на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, пренесувале наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена при извршена полициска контрола. Во првиот автомобил „Фолксваген туран“ била пронајдена јутена вреќа со 92.447,7 грама марихуана, додека во вториот автомобил „Опел зафира“ биле откриени 60.540 грама марихуана спакувани во патна торба.

-Со наредба издадена од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на двајцата осомничени, при што во домот на 30-годишниот осомничен во Визбегово биле пронајдени уште 16.213 грама марихуана, но и 11 куршуми со калибар 7,62Х39 мм кои неовластено ги држел, соопштуваат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство можност да влијаат врз сведоците и особени околности кои упатуваат дека би можеле да го повторат кривичното дело.​​

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Маск се дрогирал многу повеќе отколку што претходно се знаеше

Горан Наумовски

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он

Големо апсење во Хрватска

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

А1он

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место