Голема бела ајкула уби млад 24 – годишен сурфер во западна Австралија, околу 160 километри северно од Перт. Ова е петти фатален напад во овој дел на Австралија за само 10 месеци.
Идентитетот на младиот човек се уште не е откриен во медиумите затоа што се чека прво полицијата да го извести неговото семејство.
Сведок на настанот, откако го видел нападот возејќи се со свој пријател на скутер, го однел пријателот на брегот и се вратил назад. Се обидел да и го земе телото на ајкулата, но таа го нападнала и неговиот мотор. Насекаде имало крв.
Полицијата веднаш испратила хеликоптер, но телото се уште не е пронајдено.