ВИДЕО: Се скараа судијката и Бојан Јовановски, со обвинувања заврши рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Од:

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова, заврши рочиштето за „Меѓународен сојуз“. Јовановски побара нејзино изземање од процесот во кој му се суди, а в.д. претседателот на судот, Иван Џолев го нарече корумпиран. Откако неколку пати го прекина во неговото излагање, судијката Гаврилова-Ефромова и нареди на затворската полиција да го изнесе Јовановски од судницата. Караницата почна откако обвинетиот укажа дека недостасуваат материјали од неговиот телефон кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото.

“Ќе ви дадам еден податок кој судот го знае колку и јас. Копијата на судот му е дадена во јуни 2021 година. Тоа се месеци на годишни одмори….“, рече Јовановски, по што судијката го прекина со образложение дека тоа веќе го кажал неговиот адвокат Сашко Дуковски, а Јовановски продолжи: “Вие имате константна потреба да ме цензурирате. Вие постојано ме цензурирате. Само тоа што ви одговара го кажувате“.

На ова, возврати судијката Гаврилова-Ефремова: “Судот дава и одзема збор. Овде се зборува конструктивно. Обврзна сум да нема дефокусирање на главната расправа“, на што Јовановски возврати: “Мене две години што ме тероризира јавноста, тоа нема врска. Само вас кога ви одговара тогаш се споменува јавноста”.

По ова, следуваше ново барање за изземање на судијката од страна на Бојан Јовановски.

“Судијата Софче Гаврилова-Ефремов апелирам до в.д. претседателот на овој суд, иако иам недоверба и кон него, апелирам најсериозно да ги земат во предвид сите овие наводи за крајно тенденциозно однесување од страна на судијата и тоа: на секое рочиште за главна расправа, судијата ми предизвикува психички стрес поради тенденциозното, малициозно, анимозитетно однесувсње единствено кон мене како обвинет и странка во постапка. На минатото рочиште ми беше одземено правото да побсрсм одземање со образложение тоа да го направам писмено, а требало под нови околности. Но тоа треба да го цени друг, а не судијата за кој барам изземање. Со оглед дека се наоѓам во пенални услови да не можам писмено да побарам и да ги остварам правата…”, рече Јовановски.

Судијката Гаврилова-Ефремова го прекина во неговото излагање и посочи: “Сите кои издржуваат затвор имаат право и во судот пристигнуваат писмени поднесоци”, по што Јовановски додае: “Со блиска роднина, сестра на судечкиот судија сум бил во пријателски односи, нека го провери тоа”.

“Јас немам сестра. Или не знам до сега дека имам сестра. На обвинетиот укажувам дека сите други причини во однос на барањето за изземање да бидат писмено доставени”, рече Софче Гаврилова-Ефримова.

Јовановски возврати: “Јас реков близок роднина, женска особа. Можам да ви ја донесам на следното рочиште”.

Судијката го прекина обвинетиот Бојан Јовановски со барање од затворската полиција да го изнесат од судот.

“Изнесете го обвинетиот од судот“, кажа судијката со барање писмено да се произнесе за неговото барање за изземање.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Трајчева е незадоволна што Ременски е ослободена во “Меѓународен сојуз”, ќе се жали на Апелација

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес за мене

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма при изрекување на пресудата, Боки 13: Оваа пресуда е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува, не казнуваш ти

Кристијан Ландов