Нова средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања

Од:

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16. по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот.

На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Членовите на Комисијата од македонската страна за МИА тогаш брифираа дека не биле усвоени решенија и препораки поради „исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото“.

Во пресрет на денешниот состанок на Комисијата, копретседавачот од бугарска страна Ангел Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.

– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.

Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“. Се впушта и во политички коментари за односите меѓу Скопје и Софија.

-Би сакал да кажам дека Република Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа, изјави Димитров според кого, бугарската позиција кон земјава е „совршено јасна“, но прашање е колку таа е добро претставена и дали некој сака да ја сфати.

Мешовитата македонско-бугарска комисија беше формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година. Ова е последниот петти состанок на Комисијата за оваа година.

Би можело да ве интересира

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска

Ковачев контра Османи во европарламентот: Во Македонија има 120.000, а не 3.500 Бугари

A1on

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

Ана Ололовска