41-годишна кумановска го пријавила во полиција нејзиниот сограѓанин дека во четвртокот вечерта ја нападнал со боксови и со клоци, соопшти МВР.
Откако и завршило работното време, жената влегла во својот автомобил за да си оди дома, а додека возела, забележала дека ја следи „ауди“, по што била принудена да застане.
Од полицијата информираат дека и тој и таа излегле пред возилата, по што насилникот ја натерал да влезе во неговото возило, со кое се движеле по градските улици, а во еден момент физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по лицето и телото, од што таа добила скршеница на носот и модринки на очите и по телото. За да се спаси, жената му ветила на насилникот дека повторно ќе се сретнат, по што тој ја пуштил дома и ѝ се заканил да не пријавува во полиција.
Неофицијално, насилникот барал од кумановката да го напушти семејството и да живее со него.