Деспотовски: Започнуваме со креирање на тимот на СДСМ – не ни требаат готови туку чесни кадровски решенија

Од:

Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ го повикува членството но и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата.

„Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и државата не и требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија,“ порача Деспотовски.

„Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на Концепт 28. Лојалност кон луѓето, не кон лидерот“, напиша Деспотовски на неговиот официјален фејсбук профил.

Еден од главните принципи на програмата „Концепт 28“ на Деспотовски е воведување надиректен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер