Најмалку 38 затвореници загинаа, а 69 се тешко повредени во пожар во преполн затвор во главниот град на Бурунди, Гитеги.
Очевидци изјавија дека пожарот, кој уништи неколку делови од зградата, избувнал во зори додека повеќето затвореници спиеле.
BREAKING: Burundi prison fire kills 38 inmates, injures dozens more – vice president pic.twitter.com/kWzffQHJAm
— Mohamed A Gulleid (@MohamedGulleid) December 7, 2021
Тамошното МВР на Твитер објави дека причина за пожарот е краток спој на електричните инсталации, пренесува Гардијан. Во меѓувреме пожарот е ставен под контрола.
#Burundi
L'incendie maitrisé, les agents de la .@croix_rougebdi et la police scientifique sont les seuls autorisé à penetrer dans les enceintes de la prison de .@Gitega #gitega pic.twitter.com/sk33HU7yjR— Eddy-Claude Nininahazwe, LLB&MA (@eddyniniclaude) December 7, 2021
Во затворот стар речиси 100 години со високо ниво на безбедност се сместени бројни политички затвореници, а во него има и женско крило.
На крајот на ноември во затворот, кој има капацитет од 400 луѓе, беа сместени повеќе од 1.500 затвореници.