Киријакидис: Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки

Од:

Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто од возрасните се вакцинирани против Ковид-19, а тоа претставува закана за останатите европски земји. Тоа го нагласи денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис.

Таа истакна дека една третина од луѓето во ЕУ не се вакцинирани и тоа треба брзо да се промени.

– Вакцините се најдобриот, но не и единствениот лек против пандемијата, изјави еврокомесарката по состанокот на Советот на ЕУ.

Според неа, дури и ако уделот на имунизирани лица остане низок само во една земја, тоа може лошо да се одрази на општата здравствена состојба. Киријакидис појасни дека за земјите со ниска вакцинација не може да се примени истото решение за да се убедат луѓето да се имунизираат.

– Дури и ако се вакцинираат, луѓето ќе продолжат да се инфицираат и да одат во болница, така што работиме на обезбедување лекови, додаде Киријакидис, нагласувајќи дека ЕУ ќе одобри уште четири третмани за новата болест до крајот на годината, вклучувајќи ги и апчињата Мерк.

Таа истакна дека е тешко да се убедат луѓето да држат безбедно растојание и лична хигиена за да не се разболат. „Ова е заедничÐ �и напор и одговорност на граѓаните, потребна е итна и координирана акција додека науката не одлучи за сојот Омикрон“, објасни Киријакидис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески