Спасувачките екипи шести ден се обидуваат да спасат двајца рудари заглавени по колапсот на рудник за јаглен во Симитли, Бугарија.
Двајца рудари загинаа по уривањето на земјата, а двајцата нивни колеги од инцидентот во вторникот се заглавени под 450 метри кал, карпи и вода.
Спасувачките екипи подолени во неколку тимови без престан работат да ги извлечат затрупаните рудари.
Полицијата во Благоевград го испраша концесионерот на рудникот Ораново, Красимир Михајлов. Тој вети по 25 илјади евра помош за семејствата на загинатите.