Шоjбле: Не можемe на Грција да и дадеме нови кредити, ако не знаеме дека ќе ги врати

Од:

Германија не може да и даде нови кредити на Грција ако не знае дека тие ќе бидат вратени, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, во интервју за грчкиот весник „Вима“.


Шојбле за весникот истакнува дека верува во сегашната влада на Грција и искажа надеж дека таа и натаму ќе ја има неопходната општествена поддршка за широките промени што во моментов се вршат во земјата.


Германскиот министер за финансии предупредува дека реформите што се бараат од Грција, се услов за добивање на траншите од кредитот, што земјата го добива во рамки на спасувачкиот пакет помош на ЕУ и ММФ.


-Оние, меѓутоа, кои очекуваат олеснување на условите за кредитирање за Грција си потхрануваат илузии, додаде Шојбле. Тој, на крајот од интервјуто, подвлекува дека за него реформите во Грција се клучот за продолжување на финансирањето на земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски