Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на патот Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат, соопшти Автомото сојузот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што информираат од АМСМ, е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На 15 ноември, како што потсетуваат од АМСМ, почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, што ќе трае до 15 март 2022 година.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он